Потврдено стратешкото партнерство за капитални проекти со Велика Британија

Bez autora
Oct 26 2025

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.

На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт.

На Македонија ѝ се ставени на располагање 6 милијарди евра преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.

Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.

Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.

На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.

Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајќи дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции, се вели во соопштението од Министерство за транспорт.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik